Рангник: Немам никаков проблем со Лингард

Привремениот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник изјави дека нема конфликт меѓу него и Џеси Лингард по нивните наводни несогласувања кои се појавија низ медиумите.

Откако англискиот репрезентативец не успеа да направи трансфер надвор од клубот поради казната на Мејсон Гринвуд, Рангник изјави дека 29-годишниот фудбалер побарал малку време да се расчисти. Но, Лингард го негираше ова на социјалните мрежи, велејќи дека клубот одлучил да му даде пауза.

Рангник негира било какви проблеми меѓу него и играчот, најавувајќи дека Лингард ќе биде на располагање пред наредната средба во Премиер лигата.

„ Што се однесува до Џеси, имам многу добар однос со него, тој знае дека би сакал да го ставам во игра и пред да се појави проблемот со Гринвуд. Сите други работи се кажани, спомна некои лични прашања, но сега треба да гледаме напред. Нема никакви проблеми меѓу мене и Џеси, и обратно. Среќен сум што го имам во тимот и верувам дека ќе има повеќе настапи.“, изјави Германецот.