Луиз Дијаз вклучен во тимот на Ливерпул за настап во Лигата на шампиони
Новото засилување на Ливерпул, Луис Дијаз и официјално се најде на списокот на играчи на кои Јирген Клоп може да рачуна за натпреварите од елиминационата фаза во Лигата на шампионите. Колумбиецот го зазеде местото на Натаниел Филипс, кој замина на позајмица во екипата на Бурнмаут.
Луис Дијаз веќе дебитираше за Ливерпул на натпреварот со Кардиф Сити во четвртото коло од ФА Купот, при што асистираше за еден од головите на својот тим.
Според новите правила на УЕФА, тој нема проблеми да игра за Ливерпул во елиминациите од Лигата на шампионите, иако веќе настапуваше за екипата на Порто во групната фаза на ЛШ.