Енис Барди е осуден на затворска казна
Македонскиот репрезентативец Енис Барди е осуден на затворска казна од четири месеци поради возење со фалсификувана возачка дозвола. Барди го признал делото по што судијата ја преиначил одлуката и ја сменил во условна казна во траење од две години.
Енис Барди во април минатата година беше запрен од полицијата во Валенсија, по што полицијата му побарала документи за идентификација и возачка дозвола.
Еден од полицајците се посомневал дека дозволата е фалсификат и со дополнителна проверка било откриено дека недостасуваат безбедносни ознаки на истата.