Погба спремен за понуди и од други англиски клубови
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е подготвен да слушне понуди и од другите премиерлигаши по истекот на неговиот договор со „црвените ѓаволи“.
Остануваат уште пет месеци до крајот на договорот на Французинот со клубот, а во моментов нема назнаки дека ќе го продолжи неговиот престој на Олд Трафорд. Досега се зборуваше дека Реал Мадрид, Париз Сен Жермен, Барселона и Јувентус се најверојатните дестинации на Погба доколку навистина реши да го напушти Јунајтед.
Сепак, Французинот е отворен за можноста дури и да остане во Премиер лигата, но да игра за друг клуб. Погба сака да ги разгледа апсолутно сите понуди пред да донесе конечна одлука за својата иднина.