Барса го сака Гинтер од Борусија Менхенгладбах

Барселона започнала преговори со дефанзивецот на Борусија Мехенгладбах, Матијас Гинтер, пренесуваат каталонските медиуми.

28-годишниот германски репрезентативец има договор со Мехенгладбах до крајот на сезоната и веќе му соопштил на клубот дека нема намера да ја продолжува соработката. Гинтер сигуно на лето заминува како слободен агент, а Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и веќе започнал преговори со неговиот агент.

Чави бара засилувања во одбраната, а Гинтер е одлична можност за клубот да се засили без пари, со оглед на лошата финансиска ситуација.

Прв избор на Каталонците е Андреас Кристенсен од Челзи, но конкуренцијата за неговиот потпис е голема, па ќе се насочат кон Матијас Гинтер.