Чави: Пропуштивме премногу шанси

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез не го криеше разочарувањето од пропуштените шанси на неговиот тим против екипата на Наполи во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа. Натпреварот на стадионот „Ноу Камп“ заврши со резултат 1:1.

„Разочаран сум затоа што пропуштивме премногу прилики за гол. Мислам дека одигравме добро и единственото нешто што ни недостигаше беше да ги реализираме нашите шанси. Бевме добри во правењето притисок врз противникот. Создадовме 20 можности за гол, од кои шест или седум беа зицери. Да бидам искрен, моравме да победиме со најмалку два гола разлика. Одигравме одлично, и одиме на победа во реваншот“, изјави тренерот Чави.