Понуди до Абрамович за купување на Челзи

Според пишувањата во англиските медиуми, постојат потенцијални купувачи кои што ќе испратат понуди до Роман Абрамович за преземање на фудбалскиот клуб Челзи.

Рускиот олигарх ја префрли контролата за управување на клубот на својата фондација, но останува сопственик, надевајќи се дека конфликтот во Украина брзо ќе заврши.

Претходните понуди од 2,2 милијарди фунти беа одбиени, а во оваа фаза Абрамович е решен да го задржи клубот кој го стекна во 2003 година и го направи еден од најуспешните на островот.

Меѓутоа, ако над него биде извршен притисок од највисоко ниво, со оглед на актуелната политичка ситуација, Абрамович може да биде принуден да се одлучи за продажба на клубот.