Луис Суарез се договорил со Интер од Мајами
Изгледни се шансите напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез следната сезона да се пресели во Интер од Мајами, објавуваат уругвајските медиуми.
Фудбалерот веќе разговарал со сопственикот на клубот Дејвид Бекам. Двете страни се многу блиску до договор за личните услови на Суарез, стои во објавените информации.
Суарез има договор со Атлетико до крајот на сезоната, а веќе е објавено дека истиот нема да биде продолжен. Во Интер Мајами, Суарез може да формира интересен напаѓачки тандем со поранешниот аргентински репрезентативец Гонзало Игуаин.