Асенсио побарал трансфер, Премиер лигата најреална опција
Марко Асенсио во текот на летниот трансфер период дефинитивно ќе го напушти фудбалскиот состав на Реал Мадрид.
Тој има уште една година од договорот со „белите“, но, бидејќи не е задоволен од минутажата ќе побара да биде ставен на трансфер листата.Неговата вредност на пазарот се проценува меѓу 30 и 35 милиони евра.
За неговиот потпис се заинтересирани неколку екипи од Англија како и градскиот ривал, Атлетико Мадрид.