Манчестер Сити подготвува 150 милиони евра за Деклан Рајс
Англискиот шампион Манчестер Сити е подготвен да плати рекордни 150 милиони евра за ѕвездата на Вест Хем, Деклан Рајс, тврди англискиот Дејли Мејл.
Според весникот „чеканите“ се отворени за понуди, а во моментов се чини дека најсериозно заинтересирани се челниците на Сити. Сумата што ја нуди клубот е за 30 милиони евра помала од откупната клаузула во неговиот договор.
Вест Хем веројатно нема да биде подготвен да преговара за намалување на цената, бидејќи договорот на Рајс е далеку од истекување. Играчот од средниот ред е обврзан со клубот до 2027 година.