Челзи доби дозвола да продава билети за ЛШ и Премиер лигата
Добри вести конечно доаѓаат на Стемфорд Бриџ. Челзи ќе може да продаде одредена сума на билети и да добие 30 милиони фунти од спонзорите.
Правилата според кои британската влада му даде лиценца на Челзи да го одржува клубот по воведувањето на санкциите кон Роман Абрамович и замрзнатите средства беа малку олеснети во средата.
Челзи сега ќе може да добие до 30 милиони фунти од своите спонзори и партнери, со што ќе го реши проблемот со ликвидноста на клубот и подмирување на обврските на клубот кон играчите и вработените.
Дополнително, има добри вести за навивачите – Челзи повторно ќе може да продаде одредена сума на билети, вклучувајќи го и за полуфиналниот меч од ФА Купот како и за дуелот од Лигата на шампионите со Реал, но ова олеснување не важи за натпреварите на кои Челзи е домаќин на Премиер лигата.
„Денес Владата направи одредени промени кога е во прашање лиценцата која му е дадена на Челзи. Навивачите на тој начин ќе можат да купат билети за гостувањата, куп натпреварите и дуелите на женскиот тим“, потврди министерот за спорт во британската Влада, Најџел Хадлстон.