Канаѓанец ќе го менува Фирмино во Ливерпул

Ливерпул е спремен на лето да се раздели со својата голема ѕвезда, Роберто Фирмињо, пренесуваат медиумите на Островот. 30-годишниот Бразилец има договор на уште 15-месеци со Ливерпул и клубот нема намера да му понуди нов, туку ќе го стави на трансфер листа на лето.

Од почетокот на сезоната Фирмињо имаше неколку повреди и го загуби местото во стартниот тим и до овој момент има постигнато седум гола.

Англиските медиуми пренесуваат дека Клоп веќе нашол замена за Бразилецот и го сака Џонатан Дејвид од Лил, чија цена во моментов изнесува околу 50 милиони евра.