Јирген Клоп: Луд натпревар!
Дерби натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул кој заврши со нерешен резултат 2:2, тренерот на „црвените“, Јирген Клоп го нарече „Луд натпревар“.
„Каков натпревар! Почетокот беше подобар за Сити. Во првото полувреме имаа голема шанса да решат се. Можеме да го дефинираме натпреварот како боксерски натпревар. За момент ги спушташ рацете и добиваш огромен удар. Малку се тресеш и следниот удар доаѓа од другата екипа. Ми се допаднаа многу работи.Кога го игравме нашиот стил на фудбал го контролиравме натпреварот, користевме едноставни додавања, ги теравме да трчаат и бевме многу опасни. Така ги постигнавме нашите голови. Вториот дел беше многу подобар, почнавме со гол.Не можам да бидам убеден, но имам чувство дека можевме да го добиеме натпреварот“, изјави Клоп.