Асенсио ја одби првата понуда од Милан
Медиумите од Италија пренесуваат дека играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио ја одби првата понуда од Милан.
Од поодамна се знае дека 26-годишниот фудбалер е прв избор на „росонерите“ како летно засилување за екипата. Сепак, Асенсио не бил привлечен од првата понуда на Италијанците, се наведува во информациите.
Марко Асенсио не е особено задоволен од статусот на резерва во Реал Мадрид и речиси сигурно ќе побара трансфер на лето. Тој има договор со клубот до 2023 година.