Компанија во која акционери се Серена и Хамилтон го купува Челзи?
Трофејна тенисерка и повеќекратен шампион во Формула 1 би сакал да влезе во новата сопственичка структура на англискиот клуб Челси.
Рускиот милијардер Роман Абрамович веќе извесно време се обидува да го продаде тимот поради бизнисот во Англија, загрозен од агресијата на неговата земја кон Украина, односно блиските односи со рускиот претседател Владимир Путин, а информациите на Скај велат дека за купувањето се заинтересирани и се уште активните спортисти Серена Вилијамс и Луис Хамилтон.
Споменатиот извор тврди дека освојувачката на 23 гренд слем титули и сопственик на седум шампионски титули ќе му се придружи на конзорциумот предводен од Сер Мартин Бротон.
Возачот на Формула 1 од Англија и тенисерката од Соединетите Американски Држави ќе му дадат по десет милиони фунти на споменатиот конзорциум и на тој начин, сметаат, ќе ја засилат понудата во конкуренција на уште двајца можни купувачи на „сините“.