Фирмињо им се врати на тренинзите пред дербито со Евертон
Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино ги продолжи тренинзите со екипата и има шанса да настапи на претстојното градско дерби против Евертон во недела.
30-годишниот Бразилец се повреди во полуфиналето на ФА Купот против Манчестер Сити и го пропушти мечот со Манчестер Јунајтед во првенството.
Тренерот на „црвените“ Јирген Клоп е оптимист околу можноста Фирмињо да настапи на „Мерсисајд“ дербито.
„Немаме други проблеми, а Фирмино се чувствува подобро. Но, треба да се погрижиме да биде подготвен за недела. Тој започна со тренинзи и ако добие дозвола од лекарите, ќе игра. Но, ако се уште има болки, ќе почекаме неколку дена“, изјави Клоп.