Барса му понуди нов договор на Нико Гонзалез
Барселона е подготвена да потпише нов договор со играчот од средниот ред Нико Гонзалез.
Договорот на 20-годишниот фудбалер истекува во 2024 година, но Барселона сака да му понуди нов до 2028 година.Нико потекнува од школата во Барселона.
Тој во сезонава постигна два гола и направи две асистенции на 39 натпревари во сите натпреварувања. Пазарната вредност на Нико е проценета на 25 милиони евра.