Јуве преговара со уште една ѕвезда на Фиорентина

Примарна цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека прва желба е дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, кој на лето сигурно ќе ја промени средината.

Миленковиќ има договор до 2023 година со „виолетовите“ и Јувентус веќе започнал преговори со неговиот агент.

Србинот има понуди од неколку англиски клубови, но тој сака да остане во Италија и да се пресели во Јувентус.

Фиорентина за неговата слобода бара 15 милиони евра, што нема да биде проблем за „бјанконерите“.