Манчестер Сити и Гвардиола со договор за продолжување на соработката

Магазинот „Сан“ наведува дека тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола начелно се согласил да потпише нов договор со клубот до летото 2025 година. Ова ќе биде и еден вид на гаранција за  Ерлинг Халанд да им се приклучи на „граѓаните“, а не на Реал Мадрид.

Извори блиски до клубот пренесуваат дека Шпанецот се согласил да додаде уште две години на актуелниот договор, кој истекува за нешто повеќе од 12 месеци. 

Поранешниот тренер на Барселона и Баерн беше прашан за неговата иднина откако Ливерпул објави дека Јирген Клоп исто така го продолжува договорот до 2026 година. Сепак, Гвардиола инсистираше на тоа дека неговиот единствен фокус е одбраната на титулата и обврските во Лигата на шампионите, но упатените велат дека е само прашање на време кога ќе биде објавен неговиот нов договор.