Марсело стана играч со најмногу освоени трофеи во историјата на Реал Мадрид

На крајот од својата кариера во Реал Мадрид, Марсело стана играчот со најмногу трофеи во историјата на клубот. По освојувањето на шампионската титула, ветеранот веќе има 24 пехари со „Кралскиот клуб“.

Во витрината на Бразилецот се 6 трофеи од Ла Лига, 4 од Лигата на шампионите, 3 Суперкупа на УЕФА, 5 Купа на Шпанија, 2 Суперкупа на Шпанија и 4 трофеи од Светското клупско првенство. Марсело ова го постигна со поминати  15 сезони во тимот на Реал Мадрид.