Суарез бира меѓу Барса и Интер Мајами
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез е подготвен да се врати во Барселона дури и со значително намалување на платата, објави новинарот Екрем Конур на Твитер.
Сепак, нема предлог до Суарез. Интерес за него пројавуваат Интер Мајами и турскиот гигант Фенербахче, а договорот со Атлетико му истекува во јуни.
Според „Diario“, Уругваецот сигурно ќе се приклучи на тимот на Мајами, кој го предводи мегаѕвездата Дејвид Бекам. Тренер на Интер Мајами е поранешниот англиски репрезентативец – Фил Невил.