Ливерпул купува канадски напаѓач за следната сезона
Ден после поразот од финалето во Лигата на шампиони, англиските медиуми откриваат дека Јирген Клоп ова лето ќе донесе нов напаѓач на „Енфилд“. Англиските медиуми пренесуваат дека Клоп веќе нашол идеално засилување за нападот и го сака Џонатан Дејвид од Лил, чија цена во моментов изнесува околу 50 милиони евра.
Фирмињо оваа сезона го загуби првотимискиот статус и сигурно ќе си оди на лето, а Клоп сака да донесе робусен напаѓач каков што му недостасува на тимот.
Џонатан Дејвид е токму таков профил, а после одличната сезона во Лил го привлече вниманието на многу европски гиганти
22-годишниот Канаѓанец сака да ја промени средината, а Ливерпул е спремен да плати 50 милиони евра и да ја победи конкуренцијата.