Садио Мане одлучил да го напушти Ливерпул
Познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо, ја пренесува информацијата дека еден од најдобрите играчи на Ливерпул, Садио Мане одлучил да си замине од клубот ова лето.
30-годишниот Сенегалец имал желба својата кариера да ја продолжи во друг клуб и да доживее нови предизвици. Мане е член на Ливерпул од 2016 година, каде пристигна од екипата на Саутемптон. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2023 година, меѓутоа по се изгледа дека тој нема да го одработи договорот до крај и ќе биде продаден.
Како најсериозен кандидат за негов ангажман се споменува Баерн Минхен. Секако трансферот е далеку од готов бидејќи преговорите се во тек и нема официјална одлука.