Фаворитите добија третолигаши во првото коло од Купот на Германија
Баерн Минхен и Борусија Дортмунд добија третолигаши како противници во првото коло од Купот на Германија за следната сезона. Баварците трката по рекордниот 21. трофеј го започнуваат со гостување кај Викторија (Келн), а Борусија Дортмунд ќе патуваат кај Минхен 1860.
Следната сезона Баерн и Борусија ќе се обидат да го поправат она што го испуштија оваа сезона откако не успеаја да стигнат до финалето. РБ Лајпциг го совлада Фрајбург во битката за трофејот, а двата гиганти го пропуштија финалето заедно за прв пат по 2011 година.
Лајпциг, кој победи на пенали, почнува да ја брани титулата против четвртолигашот Теутон Отенсен, кој е шампион на областа Хамбург и ќе дебитира во ова натпреварување. Првите натпревари се закажани за викендот од 29 јули до 1 август, но дуелите меѓу Баерн и Лајпциг се одложени за крајот на истиот месец. Причината е нивната средба за Суперкупот на Германија на 30 јули.