Нкунку посакува враќање во ПСЖ
Офанзивецот на Ред Бул Лајпциг и репрезентативец на Франција, Кристофер Нкунку меѓу редови го најави неговиот следен клуб.
За одличниот фубалер кој остави одличен впечаток во Бундеслигата оваа сезона има интерес од Манчестер Јунајтед и ПСЖ, а според неговата последна изјава тој попрво би се одлучил да направи трансфер во тимот на ПСЖ од каде и потекнува.
„Париз е мојот дом, таму е мојот омилен клуб. Не ги затворам вратите за трансфер, се е можно во фудбалот.
Убаво е кога најголемите светски клубови се интересираат за мене. Но исто така одлично е да се види дека Лајпциг прави се што е во нивна моќ за да ме задржи“, изјави Нкунку.