Виљареал мора да плати 20 милиони евра за да го откупи Ло Селсо

Тотенхем сака 20 милиони евра за аргентинскиот играч за врска Џовани Ло Селсо, објави весникот „Сан“.

Според изворот, играчот го бара Виљареал, каде во моментов е Ло Селсо со позајмица , а Шпанскиот клуб има намера да го задржи Аргентинецот.

Виљареал планира да ги откупи правата на 26-годишниот аргентински фудбалер, но Ло Селсо може да ја продолжи кариерата во друг шпански клуб – Севиља.

Ло Селсо оваа сезона постигна два гола и имаше три асистенции на 41 натпревар во сите натпреварувања. Заедно со Виљареал, фудбалерот стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде тимот на Унаи Емери загуби од Ливерпул. Џовани Ло Селсо е проценет на 22 милиони евра.