Кјелини: Неста и Пирло ме советуваа да дојдам во МЛС

Италијанскиот дефанзивец Џорџо Кјелини после 17 години поминати во Јувентус, реши да се пресели во Соединетите Американски Држави и да заигра за тимот на Лос Анџелес.

Кјелини пред новинарите откри дека за таков чекор го советувале легендарните Пирло и Неста.

„Потполно сум убеден дека во овој момент го избрав совршениот клуб за мене. Пред одлуката за преселба во редовите на Лос Анџелес, разговарав со Андреа Пирло и Алесандро Неста, кои уште во минатото ми велеа дека треба да заиграм во МЛС лигата“, изјави Кјелини.