Рома му нуди рекордна плата на Пауло Дибала

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала ќе продолжи да игра во Серија А бидејќи речиси сигурно ќе се пресели во Рома, пишуваат италијанските медиуми.

28-годишниот Аргентинец си замина од Јувентус како слободен играч, а голем интерес за играчот имаше од Интер. Двете страни преговараа, се разговараше и за бонусите за Дибала, но по доаѓањето на Ромелу Лукаку се чини дека нема место за него во тимот на Инзаги.

Затоа Пауло Дибала започна преговори со Рома. За да ја добие аргентинската ѕвезда, „волчицата“ ќе направи исклучок и ќе го направи најплатен фудбалер во сегашниот состав со годишен приход од 6 милиони евра. Сепак, претходно Мурињо сака да го продаде Никола Заниоло, кој е на чекор до Јувентус.