Галтие негира продажба на Кимпембе

Новиот тренер на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие не ја сфати сериозно информацијата која се појави во некои медиуми како „Радио Монте Карло“ и „Екип“ дека дефанзивецот Преснел Кимпембе е несреќен и бара начин веднаш да си замине.

Како можна дестинација дури се споменуваше и Челси.

„Прочитав се што излезе како гласини за Кимпембе. Дури и јас и тој се смеевме на сето ова заедно. Ми се допаѓа Преснел бидејќи е одличен централен дефанзивец. Сепак, не знам што ќе се случи“, објасни тренерот за „Екип“.

Францускиот интернационалец не учествуваше во вчерашната прва контрола на ПСЖ летово. Сепак, тој се најде во тимот за турнејата во Јапонија.