Алиоски добил понуда од Фрајбург

Македонскиот фудбалски рпрезентативец Езгјан Алиоски сеуште е без клуб откако се одлучи да ја прекине соработката со Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Иако подолг период Алиоски се поврзува со трансфер во турскиот Трабзонспор, низ медиумите се појави информација дека тој добил понуда за ангажман во Бундеслигата. 

Наводно екипата на Фрајбург сака да го види Алиоски во своите редови и му нуди едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.