Салихамиџиќ доби нов договор како директор на Баерн

Баерн го продолжи договорот со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, објави официјалниот сајт на германскиот клуб. Новиот договор е со важност до 30 јуни 2026 година.

„Би сакал да му се заблагодарам на Надзорниот одбор на клубот за укажаната доверба во мене. Отсекогаш сум велел дека го сакам Баерн. Минхен е мојот дом. Многу ми е драго што можеме да ја продолжиме нашата силна соработка. Мојата цел е да им овозможам на навивачите конкурентен и успешен тим кој победува на национално и на меѓународно ниво секоја сезона. Ќе продолжам да правам се за ова. На добар пат сме“, изјави Салихамиџиќ.

Да потсетиме, Салихамиџиќ ја презеде функцијата спортски директор на Минхен во август 2017 година, а во јули 2020 година влезе во бордот на директори на Баерн Минхен.