Бентеке потпиша за ДЦ Јунајтед, ќе дебитира против Њујорк Сити
Белгискиот фудбалер, Кристијан Бентеке, утре за прв пат ќе го облече дресот на ДЦ Јунајтед на дуелот со Њујорк Сити откако се завршени сите процедури со работната виза.
Некогашниот играч на Ливерпул и на селекцијата на Белгија, потпиша договор со екипата од МЛС лигата на две години со опција за уште една.
31- годишниот напаѓач кој ги носеше дресовите на Астон Вила, Ливерпул и Кристал Палас, има одиграно 280 мечеви во Премиер-лигата. Тој постигна 86 голови и направи 23 асистенции.