Милан и официјално е продаден за 1,2 милијарди евра

Фудбалскиот шампион на Италија Милан е продаден на компанијата Ред Бирд капитал партнерс за сума од 1,2 милијарди евра.

Славниот италијански клуб беше во сопственост на групацијата Елиот која претходно го откупи клубот од кинеските сопственици.

Конзорциумот околу „Ред Бирд“ го сочинуваат и сопствениците на Ливерпул, славните бејзбол клубови Њујорк Јенкис и Бостон Ред Сокс, хокејарскиот клуб Питсбург Пингвинс и други спортски колективи. Меѓу членовите на групацијата се и кошаркарот на Лејкерс Леброн Џејмс и познатиот музички артист Дрејк.