Реал Мадрид одбил огромна понуда од Ливерпул ова лето

Ливерпул во последните денови од преодниот рок понудил рекордна сума за клубот за трансфер на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, Од Ливерпул биле подготвени да платат околу 100 милиони евра за трансферот на Уругваецот два дена пред затворањето на преодниот рок, но мадридскиот клуб одбил да го пушти играчот. После тоа, Ливерпул на една сезона го позајми Бразилецот Артур од Јувентус.

Така овој трансфер би можел да стане најскапиот во историјата на англискиот клуб. Во моментов тоа е трансферот на Вирџил ван Дајк за 84,65 милиони евра во Ливерпул од Саутемптон. Валверде е во Реал Мадрид од 2016 година. Трансфермаркт го цени играчот на 70 милиони евра.