Џон Оби Микел ја зврши фудбалската кариера
Нигерискиот фудбалер Џон Оби Микел соопшти дека става крај на професионалната кариера. Тој својата одлука ја објави преку Инстаграм пост.
35-годишниот фудбалер својата кариера ја започна играјќи во норвешкиот Лин, од каде потоа замина во Челзи каде остана до 2017 година.
За клубот од Стендфорд Бриџ запиша 372 настапи, и освои две титули во Премиер лигата, една Лига на шампиони и Лига Европа.
После Челзи тој настапуваше за Тјанџин, Мидлзборо, Трабзонспор, Стоук и Кувајт СЦ.