Тео Ернандез се врати на тренинзите со тимот на Милан

Фудбалерот на Милан Тео Ернандез повторно ги започна тренинзите со екипата, откако претходните неколку недели поради повреда беше надвор од терените.

Репрезентативецот на Франција беше повикан за настап со триколорите за натпреварите во Лигата на нации кои се одиграа во септември, меѓутоа тој поради повреда се повлече од припремите.

Според наводите на италијанските медиуми, 25-годишниот дефанзивец би требало да биде во составот на Милан за претстојниот дерби натпревар во Серија А против Јувентус.

Сезонава Ернандез има постигнато еден гол и запиша две асистенции.