ПСЖ фаворит за потписот на Канте
Пари Сент Жермен веќе работи на трансферот на Нголо Канте и сака да потпише преддоговор со Французинот уште во јануари.
Канте влезе во последната година од договорот, а двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката. Британските медиуми тврдат дека Канте им рекол на челниците на тимот од „Стемфорд Бриџ“ дека одлучил да не го продолжува договорот.
ПСЖ сака да ја искористи таквата ситуација и веќе започна да работи на негов ангажман. „Светците“ сакаат да ја победат конкуренцијата и уште во јануари да потпишат преддоговор со Канте.
31-годишниот Французин треба да пристигне во Париз следното лето како слободен агент.