Артур Мело надвор од терените поради повреда

Тренерот на англискиот вицешампион Ливерпул, Јирген Клоп, соопшти дека Бразилецот Артур Мело доживеал повреда на мускулот и дека ќе мора да паузира одреден период.

Мело повредата ја заработил непосредно пред натпреварот од Лигата на шампионите со екипата на Глазгов Ренџерс.

26-годишниот фудбалер минатиот месец пристигна во Ливерпул како позајмен играч од Јувентус, и досега има запишано само еден настап за новата екипа против Наполи во ЛШ.