Чеферин по трет пат ќе се кандидира за претседател на УЕФА

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација Александар Чеферин најави дека и по трет пат ќе се кандидира за таа функција.

55-годишниот Александар Чеферин е претседател на оваа фудбалска организација од септември 2016.година и одново посакува да добие четиригодишен мандат.

Словенецот кој е адвокат по професија веќе ги известил членовите на федерацијата за својата кандидатура пред одржувањето на квалификациите за Европското првенство 2024.година.

Изборниот конгрес на УЕФА е закажан за 5.мај 2023. година во Лисабон.