Белгиецот Тросар прва зимска желба на Потер

Челзи е силно заинтересиран за ѕвездата на Брајтон, Леандро Тросар и сака да го донесе во зимскиот преоден рок.

Тросар игра фантастично од почетокот на сезоната и го привлече вниманието на многу европски клубови. До овој момент тој има 7 гола и 2 асистенции на 12 меча за Брајтон.

Освен Челзи интерес за Тросар покажуваат уште Арсенал и Атлетико, па се очекува голема битка за неговиот потпис.

27-годишниот белгиски репрезентативец има договор со крајот на сезоната, па Брајтон сака да го продаде после Мундијалот.