Баерн го казни Павар заради возење под дејство на алкохол
Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, потврди дека германскиот првак парично го казнил својот фудбалер Бенџамин Павар бидејќи управувал со автомобил под дејство на алкохол. Баерн вчера го победи Интер со 2-0 во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампиони, а Павар беше еден од стрелците. Одговарајќи на новинарски прашања по натпреварот, Нагелсман рече дека на Павар му е одземена возачката дозвола, а клубот го казнил со петцифрена сума откако францускиот фудбалер беше приведен поради возење под дејство на алкохол.
„Мислам дека клубот реагираше на вистински начин. Тој ја увиде грешката“, изјави Нагелсман.