Пет кандидати за можни наследници на Потер во Челзи

Англискиот премиерлигаш Челзи предводен од тренерот Греам Потер, поминува низ резултатски доста тежок период, и голема е веројатноста англискиот стручњак да добие отказ од позицијата.

Последен пораз кој екипата од Стенфорд Бриџ го доживеа во Премиер лигата беше на дуелот со градскиот ривал Тотенхем.

Евентуален пораз на Челзи од Лидс во следното коло на Премиер лигата би можело да доведе до одлука за отказ на 47-годишниот Потер.

Како тренери кои се споменуваат за можни наследници на Потер се Жозе Мурињо кој е актуелен тренер на Рома и поранешен тренер на Челзи, потоа Маурицио Почетино, Луис Енрике, Зинедин Зидан, и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.