Левандовски спремен за кам-бек на терените порано од предвиденото

Голгетерот на Барселона Роберт Левандовски целосно се опорави и в недела ќе го започне натпреварот против Атлетик Билбао, пренесе „Спорт“.

На 26 февруари, на натпреварот против Алмерија, тој почувствувал истегнување во левиот бут, поради што ги пропушти следните натпревари против Реал Мадрид и Валенсија.

Надежите на Каталонците беа дека ќе биде подготвен за уште едно „Ел Класико“ – на 19 март, но сега им е драго што Левандовски ќе може да игра уште порано.

Досега во сезоната Левандовски учествуваше на 31 натпревар на Каталонците, на кои учествуваше во постигнувањето на 31 гол – 25 постигнати од него и 6 асистенции.