Жоао Марио израмни рекорд на легендарниот Еузебио

Искусниот играч од средниот ред на Бенфика, Жоао Марио реализираше пенал во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Клуб Бриж (5-1).

Тој постигна гол на петтата средба во низа од Лигата на шампионите и успеа да израмни рекорд на својот далеку пославен сонародник, Еузебио. Последен пат кому тоа му успеало со Бенфика, беше легендарниот Еузебио во сезоната 1963/64.