Скот Паркер заработи отказ од Клуб Бриж

Фудбалскиот клуб Бриж соопшти дека ја прекина соработката со тренерот Скот Паркер.

Англискиот стручњак отказот го заработи после елиминацијата на белгискиот тим во Лигата на шампиони од првакот на Португалија, екипата на Бенфика.

Паркер на клупата на Бриж помина помалку од три месеци и на 12 натпревари забележа две победи. Белгискиот тим во недела игра натпревар против Стандард Лиеж, и во моментот се наоѓа на четвртото место од табелата со освоени 21 бод.