Мбапе: На овој ПСЖ толку му беа можностите против овој Баерн

Големата ѕвезда во редовите на ПСЖ, Килијан Мбапе, вели дека елиминацијата во Лигата на фудбалските шампиони нема да влијае врз нeговите планови и дека сега ќе се насочи кон освојување на пехарот во домашното првенство.

„Загубивме од силен состав. Тука е нашиот максимум во Лигата на шампионите, нема за што да жалиме. Ова не менува ништо околу мојата иднина. Сакам да го освојам првенството а потоа ќе видиме што ќе се случи“, потенцираше Мбапе по вчерашниот пораз од Баерн Минхен во осминафиналето во елитата на Европа.