Јунајтед застана во редот за Пауло Дибала
Пауло Дибала може да ја напушти Рома на лето и да се пресели во Манчестер Јунајтед и тоа за „смешна“ сума.
Во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 12 милиони евра. 29-годишниот Дибала ова лето пристигна во Рома без обештетување и е најдобар поединец во тимот.
Оваа сезона „Волчицата“ не игра во Лигата на шампиони и ако не обезбеди пласман за следната сезона, Дибала ќе сака да ја промени средината.
Клубовите од Премиер лигата ја следат ситуацијата, а најсилен интерес покажува Манчестер Јунајтед.