Барса преговара за трансфер на Лапорт од Сити

Емерик Лапорт сака да го напушти англискиот шампион, пренесува „АС“.

Поранешниот дефанзивец на Билбао го загуби првотимскиот статус во Манчестер Сити и поради тоа сака да ја промени средината. 28-годишниот шпански репрезентативец сака да се пресели во Барселона, која уште минатото лето покажуваше сериозен интерес за него.

„Граѓаните“ за неговиот потпис платиија 65 милиони евра, па сигурно нема лесно да го пуштат, а Барселона е во лоша финансиска ситуација.

Каталонците ќе се обидат да го искористат незадоволството на дефанзивецот и да го донесат на позајмица со право на откуп.