Аргентинецот Ретеги мета на двата милански гиганти
Миланските гиганти Милан и Интер се силно заинтересирани за младиот аргентински напаѓач, Матео Ретеги.
23-годишниот Ретеги е дете на Бока Јуниорс, но игра на позајмица во дресот на Тигре каде блеска веќе втора сезона.Ретеги важи за најталентираниот напаѓач во Аргентина и на 46 меча за Тигре постигна 37 гола, а од почетокот на новата сезона на 6 настапи постигна исто толку голови.
Ретеги има италијански корени и може да добие повик од Манчини, а скаутите на Милан и Интер го следат веќе подолго време.
„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот, па сакаат да го донесат на лето на „Сан Сиро“.