Винициус добива многу побогат договор со Реал Мадрид
Во Реал Мадрид е вклучен алармот поради актуелниот договор на 22-годишниот Винисиус Жуниор.
Имено, крилнот напаѓач кој со својот гол го одлучи минатогодишното финале во Лигата на шампионите се уште е под договорот кој го потпиша кога во 2018-та година дојде од Фламенго. Неговото доаѓање Реал го договори претходно, а на еден од најголемите бразилски клубови му исплатија 45 милиони евра оштета. Поради законите и прописите во Шпанија се чекаше да наполни 18 години и без проблеми да може да биде дел од „кралевите“.
Со Реал тогаш Бразилецот потпиша договор на шест години и тоа значи дека од јануари 2024 година тој може слободно да преговара со други клубови. Реал сака да избегне таква ситуација, но договор се уште не е постигнат.
Ако ја продолжи соработката тогаш е јасно дека ќе добие значително поголема плата од сегашните три милиони евра по сезона.